Женското ракометно првенство на Македонија ќе започне на 14 и 15 септември. Оваа година во Женската лига ќе се натпреваруваат 14 екипи. Нема да има плеј оф и плеј аут како ланската сезона туку ќе се игра двокружно, односно 26кола.
Тимови кои ќе настапат во новиот формат на лигата:
• Металург
• Вардар
• Куманово
• Чаир
• Ѓорче Петров
• Спартак
• Цемс 2018
• Деспина
• Кузман Вардар Илинден
• Овче Поле
• Пелистер
• Алушовски
• Гевгелија
• Стружанка
Во првото коло кое започнува на 14 и 15 септември, ќе се играат следниве дуели:
Гевгелија – Металург
Алушовски – Овче Поле
Спартак – Вардар
Деспина – Куманово
Стружанка – Ѓорче Петров
Кузман Вардар Илинден – Чаир
Пелистер – Цемс 2018



