Македонска Каменица и Македонија може да бидат горди на спортист како што е Бошко Стаменковски кој со свои собрани средства и напори учествува на балкански, европски и светски првенства каде секогаш се враќа со некое од трите одличја на натпреварите.
https://www.facebook.com/bosko.stamenkovski.3/videos/2700467416639512/
Овој пат Стаменковски учествуваше на силен меѓународен Стрит Воркаут натпревар во Валјево,Србија каде што освои едно второ и едно трето место. Македонскиот натпреварувач освои второ место во категорија оптеретување до 72 килограми и трето место во склекови.
https://www.facebook.com/bosko.stamenkovski.3/videos/2701699069849680/



