Вардар во малата сала во СЦ “Јане Сандански” во Скопје во контролен натпревар го совлада Еурофарм Работник со резултат 32:30 (полувреме 20:13). Најефикасен во составот на Вардар беше Дибиров со 8 голови, додека ка Еурофарм се истакнаа Радовиќ со 6 голови и голманот Митревски со 10 одбрани.



