Бошко Стаменковски кој се натпреварува во Пауерлифтинг спортот и е релативно нов во македонски рамки е голема ѕвезда на светско ниво во овој спорт и има бројни златни одликувања од сите најпрестижни турнири, европски и светски шампионати, проследено со достигнати рекорди, а се обидува преку донации да пронајде средства за настап на Светско првенство во Лас Вегас,Сад.
Во меѓудругото Стаменковски е трикратен светски шампион од првенствата во 2015 година во Лас Вегас, во Србија 2016 година со поставен нов рекорд од 67.5 килограми за ветерани, а во 2017 година во Чешка беше исто така Светски шампион.
Освен Светски шампион, Бошко Стаменковски е и неколкукратен европски шампион и тоа во: 2015 година Англија, 2016 Финска, 2018 година Франција и во 2019 година во Словачка со поставен рекорд од 75 килограми во категорија на ветерани.



