Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник ќе игра против АЕК Атина во финалето на 47-то издание на Струшкиот турнир. Тимот на Алушовски вечерва славеше над домаќинот Струга со убедливи 30-20.
Најдобри стрелци кај Еурофарм беа Граџан со 7 голови и Јотиќ со 6 голови, додека кај Струга, Јован Талевски со 6 погодоци.



