Бошко Стаменковски не беше единствен преставник од Македонија на неодамна завршеното бенч прес класик првенство во Сврљиг,Србија, а друштво му правеше кочанчанецот Лазар Захариев.
Захариев се прикажа во врвна форма и го освои третото место со подигнати 177.5 килограми во категоријата на натпреварувачи до 105 килограми. За да биде се во најдобар ред организациски се погрижи како спонзор Малена фитнес од Кочани.



