Дека минатогодишниот успех не е случаен и дека се работи за неспорен квалитет, македонскиот најдобар спортски репрезент, Бошко Стаменковски го повтори и го подобри настапот со успех во Сврљиг,Србија на бенч прес класик натпреварувањето.
Ако минатата сезона крена 130 килограми, овој пат се надмина себеси и подигна 137.5 килограми во конкуренција на натпреварувачи до 74 килограми и го освои првото место, додека прв заврши и во конкуренција на мастер и со тоа се закити со два златни медали.
Стаменковски поради успешната низа на успеси беше прогласен и за најдобар мастер. Следен негов предизвик е 17. и 18. овој месец на Меѓународниот стрит воркаут турнир, додека на 7. септември има настап во Пула,Хрватска. Освен тоа ,,Малена фитнес” помогна како спонзор во остварување на овие постигнати резултати.
За Бошко Стаменковски тек следува најголемиот предизвик, а тоа е Светското првенство во пауерлифтинг кое ќе се одржи на 20. септември во Атланта,Сад и има сосема доволен простор и време да влезе во топ форма и да се прикаже во најдобро светло каде ќе се закити со нови златни медали.



