Македонската ракометна репрезентација до 19 години ја забележа првата победа на Светското првенство кое се одржува во Скопје, откако со 34:37 (полувреме 16:18) потешко од очекувањата славеше против Нигерија.
Ненад Костески со 13 погодоци беше прв стрелец, го следеше Мартин Серафимов со 10 постигнати гола, а одличен беше и Кристијан Симоноски кој постигна 5 гола од 5 обиди. На голот солиден настап имаше Кизиќ кој имаше 10 одбрани и покрај лошата одбрана на нашата репрезентација. Наредниот меч кадетите го играат против Бахреин, а мечот започнува во 20:30 часот.



