Игор Котевски ќе биде тренер на екипата на Металург 2 во новата сезона. Металург 2 подготовките за новата сезона ќе ги започне на 5 август, со почеток во 19.30 часот, кога ќе биде познат и планот на подготовките за претстојната сезона, како и ростерот на тимот.
“Мило ми е што ќе го предводам Металург 2, екипа која традиционално е извор на ракометни таленти. Се надевам дека ќе успеам од нив да направам и подобри играчи и подобри луѓе. Првенството е долго и тешко, но ќе сторам се за да обезбедам опстанок за својот тим. Се уште не знам со кој ростер ќе располагам, но во следниот период и тоа ќе биде расчистено“, изјави за клубскиот сајт на Металург, Игор Котевски.



