На интернационалниот куп во триатлон “Власина” во Република Србија , а воедно и државно првенство на Србија и Македонија во олимписки триатлон настапија 3 членови на Триатлон клубот од Струга.
Никола Кутаноски освои прво и второ место, Бетим Ибра освои трето место во категорија од 30 до 40 години и Давор Попоски во категорија супер спринт (категорија од 12 до 14 години) го освои четвртото место.
Димитар Јованоски поради преклопување на трките со календарот на Македонската Велосипедска федерација не настапи во Власина па затоа го освои одличното второ место во апсолутна категорија пред голем број поискусни велосипедисти. Истовремено беше прво место во Категорија Јуниори со предност од 4 мин и 20 секунди пред вториот.
Со оваа трка тој се проби на првото место во генерален пласман за Шампион на Македонија во велосипедизам.
Следни на календарот со трки се Балканското првенство во Турција, Европските купови во Белград и Загреб и интернационалните купови во Шкодра и Бугарија, пред вистинскиот тест за оваа година гранд при серијата од две трки во САД.



