Почнувајќи од денес, ни пресотанува точно уште една година до свеченото отварање на летните олимписки игри во Токио.
Токио ќе биде прв град во Азија што ќе биде домаќин на ОИ два пати. Првиот пат бил домаќин во 1964. Досега во Јапонија се одржале три ОИ – во Токио 1964, како и две зимски олимпијади во Сапоро 1972 и Нагано 1998.
Маскота на ОИ во Токио ќе биде Мираитова.
Неговото име, буквално преведено од јапонски, значи „идна вечност”. Боите се инспирирани од логото на Токио 2020, а според замислите, маскотота ќе поседува интересни способности како атлетизам и телепортација. Негова партнерка ќе биде Сомеити – маскота на паралимпијадата.
Се очекува да има над 11 000 спортисти што ќе се натпреваруваат во 33 различни спортови и 50 различни дисциплини. Новитет на овие ОИ ќе бидат петте нови спортови – бејзбол/софтбол, сурфање, спортско качување, карате и скејтбординг.
Главен стадион ќе биде „Њу Нешнал Стадиум” кој сè уште е во изградба, а според планот ќе има 68 000 седишта. Максималниот капацитет на стадионот ќе биде 80 016, но тоа ќе се постигне само при одредени настани со додавање на привремени седишта.
Завршната церемонија ќе биде изведена на 9-ти август.



