ЖРК Куманово донесе ново засилување на голманската позиција. Катарина Косановиќ од Србија потпиша договор на 1+1 година со тимот на Куманово. 
Катарина Косановиќ е родена на 31. март 1998 година, иаку многу млада веќе има интернационално искуство настапувајќи за “Herzelia” од Израел во период од 2017 до 2019 година. Има настапи во јуниорската српска репрезентација, а повик и за сениорската српска репрезентација и многу индивидуални признанија. Во Куманово доаѓа од ракометниот клуб “Herzila” од Израел.



