Филип Кузмановски имаше деби од соништата во својот нов клуб Магдебург, откако му донесе победа на пријателскиот натпревар одигран вчера против Лајпциг. Кузмановски натпреварот го заврши со 2 постигнати гола и беше најдобар стрелец во тимот на Магдебург на тест дуелот кој се играше 2х20 минути.



