На Лорд’с Крикет Граунд во Лондон беше одиграно историското финале на овогодинешното СП во крикет. Се соочија екипите на Нов Зеланд и Англија. Англија во полуфиналето убедливо го елиминира бившиот светски шампион – Австралија, додека Нов Зеланд беше поуспешен од фаворитот Индија.
Играчите на Нов Зеланд одбраа да удираат во првиот ининг и тоа го направија доста успешно со резултат од 241/8. Во вториот ининг удираа Англичаните и како за чудо постигнаа ист број на поени т.е. 241/10. Натпреварот мораше да биде решен со одигрување на дополнителен ининг што заврши во корист на Англија. Трагичар кај вицешампионите беше Гуптил кој доживеа викет и во првиот и во дополнителниот ининг, а од шампионскиот тим најдобро се покажа Стоукс со постигнати 84 поени.
Ова беше второ изгубено последователно финале за Нов Зеланд на СП, додека Англија стигна до својата прва титула на СП во крикет ! Наредното СП ќе се одигра во 2023 во Индија.



