Додека Д-Фест беше во полн ек, во Дојран публиката можеше да ужива и во спортот. Имено, во неделата се одржа една од шесте трки во серијата „Прв до врв” – трката на 5 км низ Дојран. Право на учество имаа граѓаните од сите возрасти, а за тројцата најдобри следуваа медали и награди. Рекордниот број на учесници во склоп со совршените временски услови ни пружија незаборавна трка.
Во машка конкуренција најуспешен беше Александар Кираџиев кој постави време од 16:51 минути. Зад него, на подиумот се најдоа Леонид Вандевски и Андреас Стојановски, а пласманот во првите пет го комплетираа Тодор Анчев и Мики Попоски. Овие, заедно со шестопласираниот Атанас Епов (кој е еден од новинарите на www.javisejuzna.mk), беа единствените натпреварувачи што успеаја да ги истрчат петте километри за помалку од 19 минути. Во женска конкуренција славеше Билјана Кираџиева со време од 18:57 минути пред Јелена Доневиќ и Маја Грнчаровска.



