Екслузивно и наредната сезона ќе може да уживате во преносите од Лигата на Шампионите во ракомет на програмите на Арена Спорт ТВ која ги откупи правата.
Натпреварите на нашите два тима Вардар и Еурофарм Работник во Лигата на Шампионите ќе бидат пренесувани со коментарот на фантастичните Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ кои се омилени помеѓу ракометните фанови во нашата земја. Се надеваме дека повторно ќе им донесат среќа на нашите тимови, да стигнат до врвот на Европа како што тоа го направи минатата година Вардар.



