Луис Хамилтон убедливо славеше на своето домашно гран-при. Ова беше неговиот шести триумф на патеката во Силверстон и се издвои на врвот пред Џим Кларк кој овде славел пет пати.
Второто место му припадна на неговиот тимски колега, Валтери Ботас и со тоа стигнаа до седмата 1-2 победа сезонава. Третото место му припадна на Шарл Леклер пред двоецот на Ред Бул. Пласманот во првите десет го заокружија Саинц, Рикардо, Раиконен, Квјат и Хулкенберг.
Заради контакт со Макс Ферстапен, Себастијан Фетел заврши на 16. позиција.
Дополнителниот поен за најбрз круг го заработи Хамилтон, а за возач на денот беше избран Леклер.



