Атлетичарката Дрита Ислами од АК Работнички учествуваше на Универзитетските Игри кои се одржаа во Наполи (Италија), каде постави нов Македонски рекорд во дисциплината 400 метри со пречки.
Дрита најпрво во квалификациите истрча 59.96, со што се пласира во полуфиналето каде и го истрча новиот рекорд со резултат од 59.20 секунди. Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Дрита и изнесуваше 59.33 секунди поставен во 2017 година.
Извор и фото: Атлетска Федерација на Македонија



