Хрватскиот репрезентативец Ловро Јотиќ и официјално е нов член на Еурофарм Работник. Тој доаѓа од ППД Загреб и треба да биде огромно засилување за битолскиот суперлигаш. Пред предизвикот од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник обезбеди квалитетен лев и среден бек, кој стави потпис на двегодишен договор.



