Искусниот голман Виктор Гигов кој во пролетниот дел од шампионатот ја засили Анталијаспор и од шестата ја донесе на второто место на табелата останува и во наредната сезона да го брани голот на овој амбициозен турски клуб.
Виктор Гигов кариерата ја започна во РК Борец од каде замина РК Младост од Богданци. Потоа започна неговата интернационална кариера во ИБВ (Исланд ), па РК Тедико Борец , РК Југ Куманово, РК Цриквеница (Хрватска), Аполон Каламариа (Грција 3 години), Короса (Јужна Кореја), Мерсин (Турција 3 години),Кајсери (Турција), Селкаспор (Турција 2 години)…



