Најквалитетното ватерполо се игра на Балканот и затоа не случајно во финалните натпревари има балкански дуели. Истиот случај и овој пат во финалето на Светската лига која се игра во Белград, каде меѓу себе за трофејот ќе се судрат ватерполо титаните Србија и Хрватска.
Инаку во групната фаза српските ватерполисти ги победија своите опоненти со 11:10. Финалето ќе се игра денеска од 16.45 часот на базенот ,,Ташмајден”. Селекторот на Хрватска е уверен дека ќе се реваншираат за поразот во групата, додека домаќините се надеваат дека пред домашна публика ќе го потврдат фаворитскиот статус.



