Македонската ракометна репрезентација славеше со 27:23 (полувреме 13:11) предмалку во салата “Парк” во Струмица. Со оваа победа Македонија како првопласирана репрезентација во групата обезбеди пласман на Европското првенство. Најефикасен во нашиот тим беше Кире Лазаров со 6 голови, додека на голот фантастичен беше Митревски со 12 одбрани.



