Македонскиот репрезентативец Горан Крстевски го напушти Еурофарм Работник и потпиша двегодишен договор со тимот на Линц од Австрија.
Покрај тимот од Битола младиот македонски репрезентативец кој е по потекло од Ресен има играно и за тимот на Металург од Скопје. Ова ќе биде прво негово интернационално искуство.



