Џудо клуб “Дрим” од Струга ќе биде домаќин на шестото издание на Интернационалниот Џудо турнир Struga OPEN 2019. Tурнирот ќе се одржи од 22 до 25 -ти јуни во СЦ “TИМИ” во Струга. На овој турнир годинава се очекува да настапат преку 400 натпреварувачи во повеќе категории. На турнирот ќе има џудисти од Македонија, Албанија, БиХ, Словенија, Бугарија, Косово, Турција, Хрватска, Грција, Србија, Полска, Црна Гора, Романија, Холандија и од други земји. Пријаувањето е сеуште во тек и трае до 20-ти јуни. А сите детали за овој турнир може да ги погледнете ЛИНК (Struga OPEN 2019)



