Екипата на Фленсбург повторно е шампион во германската Бундеслига затоа што во последното коло на гости славеше кај Бергишер со 24-27.
Со оваа победа тимот на Фленсбург ја задржа предноста од два бода во однос на директниот ривал Кил, кој исто така извојува триумф над Хановер со 30-26.
Наредната сезона во Лигата на шампионите ќе играат Фленсбург и Кил, додека Магдебург, Рајн Некар Левен и Мелсуген ќе бидат германски претставници во ЕХФ Купот.



