Блокотехна го израмни резултатот на 1:1 во полуфиналната плејоф серија против Работнички oткако славеше со убедливи 85:58. Фундербург со 19 и Мијатовиќ со 17 поени беа најефикасни во редовите на Блокотехна, додека кај Работнички најефикасни беа Мираковски со 11 и Јанески со 10 поени.
МЗТ Скопје поведе со 2:0 во победи во полуфиналната серија против Гостивар откако славеше на гости со 92:86. Дамјан Стојановски беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје со 30 поени и 11 скокови, а го следеше Иве Иванов со 23 поени и 10 скокови. Кај екипата на Гостивар, најрасположен за игра беше Александар Костовски со 20 постигнати поени.



