Екипата на Хувентуд за која настапува македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ со победа го заврши регуларниот дел од сезонава во силната АЦБ Лига. Противник во првата рунда во разигрувањето за титулата ќе им биде градскиот ривал Барселона.
Стартот на плејоф пресметката помеѓу Барселона и Хувентуд стартува на 31 мај, а пласман во полуфиналето ќе обезбеди екипата која прва ќе дојде до две победи. Инаку Ненад Димитријевиќ на паркетот мина речиси 13 минути, а натпреварот го заврши без постигнат поен но оствари две асистенции.



