Успешните неколкугодишни настапи на Металург посебно на Вардар на меѓународна сцена, а оваа сезона и големиот успех на Еурофарм Работник и пласманот во групната фаза на ЕХФ купот на Македонија и го носат високото седмо место на ракометната клупска европска ранг листа.
Седмото место на ранг листата и овозможува на Македонија во следната сезона да има четири претставници во Евро куповите, еден во Лигата на шампионите, а три екипи ќе играат во ЕХФ Купот.
Засега сигурни учесници во Европа се, шампионот Вардар кој повторно ќе игра во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Работник и Металург ќе играат во ЕХФ Купот. По завршувањето на сезоната ќе биде познат и последниот патник во европското натпреварување.



