По четврти пат оваа сезона гледавме Езерско дерби помеѓу РК Струга и РК Охрид. Стружани вчера стигнаа до својата втора победа сезонава со резултат 22:20 (полувреме 12:12). Во екипата на Струга се истакнаа голманот Стојаноски кој одбрани неколку зицери и пенали на тимот на Охрид, а во нападот најефикасни беа Лексо Тсителишвили и Богдан Николиќ со по 6 голови. Најефикасен во тимот на Охрид беше десното крило Бобан Блажески со 8 голови. Хуманитарното дерби минуваше во супер и коректна атмосфера се до 37-та минута кога беше прекинато половина час поради фрлена петарда од страна на “Рибари” на теренот поради што делегатот побара да се испразни трибината.
Фотогалерија од четвртото езерско дерби:
Фото: Giovanni Films



