Еурофарм Работник го потврди својот историски успех, втората позиција во домашниот шампионат и пласманот во регионалната СЕХА лига откако синоќа на гостински терен со 16:30 го совлада тимот на Пролет.

Неизвесно беше само во првите десет минути, потоа Еурофарм ја зацврстија одбраната па на полувремето заминаа со предност од осум гола 7:15.
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК 16:30 (полувреме 7:15)
ПРОЛЕТ: Кристо, Кимевски, Коруновски, Василевски 2, Аларов 2, Јовчевски, Давитковски, Манев, Ролевски, Трајковски 3, Андоновски 6, Мајнов 1, Дамчевски, Дука, Стојановски, Манасков 2.
ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Трајкоски, Чаневски, Ојлески 5, Маркоски 3, Пецаковски 1, Талевски 1, Чурлевски, Д. Петровски, Кузмановски 3, Радовиќ 5, Кукоски, Крстевски, Остроушко 3, Граџан, Ѓукиќ 9, М. Петровски.
Најатрактивниот потег на натпреварот го имаа крилата на Еурофарм, Ојлески и Ѓукиќ кој изведоа прекрасен цепелин од контра напад:



