Македонскиот тренер Марјан Колев кој е предводник на женскиот ракометен клуб Ница стигна до финалето од плеј офoт во Франција во кое загубија на двата натпревари со 33-21 и 33-28 од учесникот на Ф4 во Лигата на шампионките тимот на Мец.
Но и покрај тоа со вицешапионската титула Ница го запиша најголемиот успех во својата клубска историја и избори пласман во Европа. Среќата на Марјан Колев е поголема затоа што од вчера се доби со диплома Master Coach. Честитки до Марјан за големите успеси и новата диплома!



