Во 12-то коло на плеј-офот на Првата лига, во Автокоманда се одигра големото дерби меѓу екипите на Металург 2 и на Работнички кое одлучуваше за врвот на табелата кое носи место во Суперлигата наесен.
На голема победа се радуваа домаќините кои со оваа победа избија на чело на табелата со 28 бодови, бод повеќе од екипата на Работнички и два од екипата на Јуниор Кисела Вода.
Металург 2 – Работнички 31:27 (полувреме 15:13)
Металург 2: Василевски, Божиновски, Мијатовиќ, Михајлов 3, Кондев 2, Кофиловски, Гошевски, Митиќ 2, Ристовски, Серафимов 10, Л.Додиќ, Гогов, Младеновиќ 5, Тодевски, С.Додиќ 9 и Гајиќ.
Работнички: Куртановиќ, Игнов, Кочаров, Атанасовски 9, Милошевски 3, Стефаноски, Димитров 3, Љубевски, Кумогородски 9, Пољак, Благопетров, Палевски 3 и Мишевски.



