ЦСКА Москва и Анадолу Ефес ќе играат за шампионската титула во годинашното финале на Евролигата. ЦСКА Москва во второто полуфинале на Фајналфор турнирот го совлада Реал Мадрид со 95:90. Нандо де Коло и Серхио Родригез со по 23 погодоци ја донесоа победата за Рускиот тим.
Во првото полуфинале, Анадолу Ефес го совлада Фенербахче со 92:73. Анадолу Ефес до победата ја предводеше одличниот Шејн Ларкин со 30 коша, 7 скокови и 7 асистенции, и Василије Мициќ со 25 коша и 5 скокови. Кај Фенер најефикасни беа Јан Веселеи со 14, Ерик Грин со 13 и Никола Калиниќ со 12 коша.
Финалето е во недела од 20.30 часот, мечот за третото место на турнирот е со почеток во 17.30 чaсот.



