Романскиот тим ЧСМ Букурешт каде настапува нашиот репрезентативец Гоце Георгиевски одигра реми во првиот финален натпревар во Челинџ купот кој се одигра во Португалија. Мадеира и ЧСМ одиграа 22:22, а нашиот репрезентативец постигна 2 погодоци на овој натпревар. Шампионот ќе биде познат на реванш мечот во Букурешт.



