Во првиот полуфинален натпревар, oд Купот на Македонија кој се одигра во 17 часот во спортската сала во Куманово, екипата ЖРК Вардар ја совлада ЖРК Стружанка со 27:18 (полувреме 16:12). Со оваа победа Вардар избори пласман во финалето кое ќе се одигра во сабота со почеток во 16.00 часот. Најефикасни во Вардар беа Ангела Костовиќ со 7 и Мирјана Петковска и Милица Николиќ со по 5 голови, додека пак кај екипата на Стружанка најефикасна беше Теодора Маркоска со 7 и Бојана Јованоска со 4 постигнати голови. Одлична на голот на Стружанка беше Марина Митоска која одбрана дури 4 седмерци. 



