Олимписката шампионка во стрелање со спортски пиштол, грузијката Нино Салуквадзе ќе учествува на Олимписките игри 2020 во Токио. Тоа ќе биде нејзина деветта олимпијада, а учествуваше на осум Олимпијади по ред. Дебитираше во 1988 година во Сеул кога освои златен и сребрен медал. 50-годишната Салуквадзе доби лиценца за игрите за 2020 година во Токио, благодарение на oсвоеното петто место во пукањето со воздушен пиштол од 10 метри на Светското првенство во Пекинг.



