Во Бугојно (БиХ) на турнирот “Rukomet je moja buducnost “, беа доделени медалите за трите првопласирани репрезентации, Словенија, Полска и Германија, како и признанија за најдобрите поединци.
За најдобар голман на турнирот е прогласен Лука Ведас од Словенија.
За МВП на турнирот е прогласен Тадеј Кљун, исто така од Словенија.
За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен десниот бек на Македонија Мартин Серафимов, кој постигна 35 голови на пет натпревари.



