Во натпреварот за третото место кадетите на Македонија против Германија загубија минимално со 23:24 (полувреме 11:11) на турнирот во Бугојно. Нашите момци одиграа добар меч но на крајот минимално беа поразени. Најефикасен кај нас беше Кристијан Симоновски со 7, пред Костески и Серафимов кои дадоа по 5 голови.



