Бошко Стаменковски жнее нови успеси со освоени први места во Пауерлифтинг и Бенч Прес и на најдостоинствен начин ја презентира нашата земја на меѓународно ниво. Овој пат Стаменковски учествуваше на 13. и 14. април на Балканско првенство во Бјелина,Бих каде што суверено го освои првото место во категоријата до 75 килограми со подигнати 135 килограми, а во категоријата до 90 килограми исто така беше најдобар натпреварувач.



