Кошаркарите на Будуќност на домашен терен против Црвена Звезда славеа со 84:80 и израмнија на 2:2 во финалната серија во АБА лигата. Со оваа победа се изборија за мајсторка која ќе се игра во понеделник од 19 часот во Белград. Најдобар играч во четвртиот меч беше Норис Кол кој постигна дури 31 поен и беше лидер на Будуќност. Најефикасен во Звезда беше Били Берон со 24 коша.



