Македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска која оваа сезона игра во романската Крајова од наредната сезона ќе го облече дресот на некогашниот европски првак Подравка. Десниот бек Елена Ѓорѓиевска потекнува од Струга и своите почетоци ги има направено во тимот на Стружанка од Струга, а има играно и за доста познати тимови како Кометал, Будуќност, Баја Маре. На Елена и посакуваме многу успех во новата средина.



