Утре од 15 часот и 30 минути во спортската сала “Нико Нестор” екипата на ЖРК Стружанка го пречекува тимот на ЖРК Металург кој е лидер на табелата и главен фаворит за титулата. Девојките на Владимир Паноски ќе се обидат да одиграат добар меч против големиот фаворит тимот на Металург.



