Maкедонските ракометарки крилото Сара Митова и голманот Драгана Петковска и наредната сезона ќе бидат дел од данскиот тим СондерјискЕ (SønderjyskE Damehåndbold). Одличните игри на нашите интернационалки беа препорака за да добијат нови договори од раководството на тимот. СондерјискЕ игра во втората Данска лига, а за влез во елитата ќе се бори против екипата на Бјерингбро во баражот.



