Стевче Алушовски со свое видување за натпреварот кој за малку не донесе сензација :
„И покрај поразот морам да им честитам на моите ракометари . Секоја друга екипа после предноста од првиот дел веројатно ќе дејствуваше поинаку во продолжението. Ние некако како да се уплашивме од шансата да ги победиме. Вардар влезе со потценувачки пристап кој не е својствен за нив, но сепак се работи за светска екипа и честитки за нив и за победата. Ние сме на прав пат, имаме скратен ростер, некои ракометари се уморни по репрезентативните натпревари и во овој момент не можевме повеќе од ова издание“.



