Поранешниот македонски репрезентативец Иван Марковски кој работи како тренер во Франција со својата екипа Авенсоа во рамките на втората француска лига го победи третопласираниот Кан со 36-33. Со оваа победа неговиот тим се искачи на чело на табелата. Овие одлични резултати на нашиот тренер се на огромно задоволство на управата и навивачите на Авенсоа.



