Пред возбудувањата во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, ЕХФ го соопшти најдобриот тим на сезоната кој го избраа тренерите во елитното натпреварување.
Според гласањето на 24 од вкупно 28 тренери на екипите кои играат во Лигата на шампионите, Дејан Милосављев и Даинис Криштопанс сезонава заслужија да се најдат во АLL STAR тимот.
Според тренерите од тимовите во ЛШ, АLL STAR тимот сезонава изгледа вака:
голман – Дејан Милосављев (Вардар)
лево крило – Уве Генсхајмер (ПСЖ)
лев бек – Микел Хансен – (ПСЖ)
среден бек – Енди Шмит – (Рајн Некар)
пивотмен – Јаник Колбахер (Рајн Некар)
десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Блаж Јанц (Кјелце)
дефанзивец – Тобијас Карлсон (Флензбург)
млад играч – Мелвин Ричардсон (Монпелје)
тренер – Хуан Карлсо Паштор (ПИК Сегед)



