Вечерва во Скопје пред преполните трибини во СЦ „Борис Трајковски“ репрезентацијата на Македонија против Исланд одигра нерешено 24:24 (полувреме 10:11). Најдобар поединец во селекцијата на Македонија беше Борко Ристовски со 13 одбрани, во нападот најефикасен беше капитенот Кире Лазаров со 8 погодоци, додека Дејан Манасков и Филип Талески постигнаа по 4 голови. Кај Исланд најефикасен беше Магнусон со 8 погодоци.



