Македонија првпат се враќа со победа од гостувањата против Исланд со резултат 33:34 (полувреме 17:17). На три секунди до крајот поради глупоста на Магнусон кој топката ја фрли во аут иако судиите досудија чекори, Манасков шутираше седмерец кој иако го промаши топката се одби до него за голема победа на Македонија. Во првиот натпревар на Данило Брестовац како селектор на нашата репрезентација македонските ракометари му поклонија многу важна победа. Најефикасни во составот на Македонија беа фантастичниот Георгиевски со 8 голови од 8 обиди и Манасков со 7 голови, додека кај Исланд незадржлив беше Палмарсон со 12 голови.



