Ракометарите на Еурофарм Работник после триумфот над Металург во Скопје, денес во првото градско дерби во плеј-офот го совладаа Пелистер со 32-25 ( полувреме 18-9). Кај Еурофарм Работник најдобри стрелци беа Остроушко со 8, како и Кузмановски и Ојлески со по 6 голови, додека кај Пелистер се истакнаа Поповиќ со 7 и Кобетиќ со 6 голови.



