Никола Костески и неговиот тим Татран Прешов славеа на гостувањето кај екипата на Агро Тополчани со 21:35. Никола Костески повторно одигра на високо ниво и беше втор стрелец во тимот на Татран со 4 голови, зад Лапајне и Крок кои дадоа по 5 голови. Со оваа победа заврши плејофот на првенството на Словачка каде Татран е на првата позиција. После репрезентативната пауза тимот на Костески во полуфиналето ќе се сретне со тимот на Нове Замки.
Eден од четирите погодоци на Костески (HK AGRO Topoľčany vs TATRAN Prešov):



